Контраверзниот филм „Невиноста на муслиманите“ всушност и не постои?

Од:

Поради анти исламскиот исечок од филмот „Невиноста на муслиманите“ во Либија беа убиени американскиот амбасадор и уште тројца луѓе, но сега се наметнува дилемата дали воопшто постои?

Контроверзниот филм чиј 14 минутен исечок се појави на интернет се чини дека не постои бидејќи никој не го видел во целост.

Неговиот режисер и продуцент кој се занимава со недвижнини Сам Бејсил и кој во моментов се крие од јавноста, претходно изјави како филмот чиј првичен назив беше „Невиноста на Бин Ладен“ можел да се види во целост во киното во Холивуд, пренесува Business Insider.

Но вработен во кино салата изјави за Los Angeles Times дека никој не се појавил на проекцијата на филмот, а ниту тој не го гледал.

Na YouTube постои и подолга верзија на истиот филм наречена „Невиност на муслиманите 74 минути“, но се работи за измама зашто истите 14 минути се повторуваат неколку пати.

Една од актерките во тој филм Cindy Lee Garcia, кажа за Hollywood Reporter, дека ни таа не го видела филмот во целост туку само 14 минути како и сите останати.

Тој филм не ни постои. Упорно го баравме филмот во целост и не пронајдовме ништо. Постои заблуда дека се работи за голем холивудски проект, а не едно посложено видео“, истакна Marium Mohiuddin од муслиманскиот совет за односи со јавноста. Контраверзниот филм „Невиноста на муслиманите“ всушност и не постои?

Поради анти исламскиот исечок од филмот „Невиноста на муслиманите“ во Либија беа убиени американскиот амбасадор и уште тројца луѓе, но сега се наметнува дилемата дали воопшто постои?

Контроверзниот филм чиј 14 минутен исечок се појави на интернет се чини дека не постои бидејќи никој не го видел во целост.

Неговиот режисер и продуцент кој се занимава со недвижнини Сам Бејсил и кој во моментов се крие од јавноста, претходно изјави како филмот чиј првичен назив беше „Невиноста на Бин Ладен“ можел да се види во целост во киното во Холивуд, пренесува Business Insider.

Но вработен во кино салата изјави за Los Angeles Times дека никој не се појавил на проекцијата на филмот, а ниту тој не го гледал.

Na YouTube постои и подолга верзија на истиот филм наречена „Невиност на муслиманите 74 минути“, но се работи за измама зашто истите 14 минути се повторуваат неколку пати.

Една од актерките во тој филм Cindy Lee Garcia, кажа за Hollywood Reporter, дека ни таа не го видела филмот во целост туку само 14 минути како и сите останати.

Тој филм не ни постои. Упорно го баравме филмот во целост и не пронајдовме ништо. Постои заблуда дека се работи за голем холивудски проект, а не едно посложено видео“, истакна Marium Mohiuddin од муслиманскиот совет за односи со јавноста.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид