Контрацептивните апчиња можат тројно го зголемат ризикот од рак на дојката

Од:

Едно ново истражување спроведено на Универзитетот во Мичиген покажа дека жените кои користат контрацептивни апчиња имаат поголем ризик од рак на дојката.

Авторите на истражувањето наведуваат дека контрацептивните апчиња можат да го зголемат нивото на естрогенот и прогестеронот, што би можело да предизвика тројно поголоем ризик од ова заболување во однос на жените кои никогаш не земале вакви таблети.

Истражувањето покажало дека крвта кај жените кои земале контрацептивни апчиња имала многу повисоко ниво на хормони од крвта на жени на оние кои никогаш не земале контрацептивни таблети.

Четири од седум тестирани жени имале четири пати повисоко ниво на прогестерон во крвта, а 40 отсто жени имале повисоко ниво на естроген.

Без оглед на наодите, главната авторка на студијата Беверли Страсман, потенцира дека апчињата имаат позитивен ефект на здравјето на многу жени и дека резултатите треба внимателно да се интерпретираат и да се земат со резерва, бидејќи не постои лесен одговор кога се проценуваат поволностите и ризикот.

Исто така, таа истакна дека жените во фертилниот период имаат помал ризик за заболување од рак на дојката.

Според податоците на најголемата хуманитарна институција за истражување на ракот „Кенсер Ресрч УК”, најмалку еден отсто жени заболуваат од рак на дојка поради примена на контрацептивни апчиња.

– Заштитниот ефект на апчињата против ракот на матката и ракот на јајниците е поголем од зголемениот ризик од рак на дојката. Тоа значи дека, ако ги земете предвид сите жени кои користеле контрацептивни апчиња, заштитните ефекти го надминуваат зголемениот ризик од рак, наведуваат тие.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска