„Континентал“ воведува еколошки пневматици

Од:

Речиси сите автомобилски компании се на пат да постигнат одржливост на возилата, без штетни гасови и слично. Така, и производителите на гуми се стремат да бидат поеколошки, па германскиот бренд „Континентал“ е посветен на целта да стане најпрогресивната компанија во овој сектор до 2030 година, во однос на еколошко-општествената одговорност.

Во таа смисла, на Меѓунардното моторшоу во Минхен, покрај бројните модели електрични автомобили, германската компанија го објави и својот „Конти грин концепт“. „Континентал“, инаку, досега ги снабди „Фолксваген“ со одржливи пневматици.

Концептов, сепак, не е ограничен само на претставување на новата иновативна гума. Тој опфаќа намалување на потрошувачката на ресурси во сите алки на синџирот на проиводство на гумата. Во овој поглед, концептот е одржлив до основата, па дури и е еден начин за продолжување на трајноста на производот.

Според Континентал, за 35 отсто од гумата се користат обновливи материјали, што значи и значително намалување на уделот на материјали засновани на сурова нафта. Концептот се состои и од 17 отсто рециклирани материјали. Оваа новост, според компанијата, влегува на пазарот до идната 2022 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска