Конкурс за откуп на фотографии со мотиви од Град Скопје

Од:

Град Скопје потсетува дека во тек е конкурсот за откуп на фотографии со мотиви од градот. Конкурсот кој е објавен на 14 август и ќе трае три месеци, подготвен е врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2015 година.

Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани правни и физички лица, согласно со утврдените барања. Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од подрачјето на градот Скопје, по избор на доставувачот, доставените фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ формат, со висока резолуција и подготвени за печатење, фотографиите не треба да бидат постари од една година и не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да биле пријавени за учество на други конкурси.

За наградените фотографии, Град Скопје ќе организира изложба во еден од своите културни центри.

За техничко-уметничките критериуми, начинот на конкурирање и други дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонот (02) 3297-218, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, на официјалниот портал на Градот, www.skopje.gov.mkили во просториите на Град Скопје, барака брoj 6, канцеларија брoj 1 – Одделение за туризам.

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка