В недела, на денот на роденденот на Тоше Проески, ќе се одржи културно-уметничка програма во Спомен-куќата во Крушево. Концерт ќе се одржи и во Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“, на кој ќе настапи хорот при охридската гимназија. Влезницата за концертот ќе чини 100 денари, а средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.
Во Белград, в недела ќе се одржи концерт на сплавот „Таг“ со „Бајка бенд“, Тијана Дапчевиќ и со Тамара Тодевска, а парите од тој концерт ќе се донираат на Националното здружение на родители на деца заболени од рак НУРДОР.
Утре, преку ден, на Студентски трг, ќе се одржи крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиологија на Србија.