Концерт на Македонската филхармонија од циклусот „Виртуози“

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе  одржи концерт од циклусот „Витурози“, на кој првпат во Македонија ќе биде изведено делото „Лет“ на младиот австралиски композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев.

Солист ќе биде Филип Бернол – меѓу најистакнатите современи француски флејтисти, кој ќе го изведе Концертот за флејта и оркестар од Карл Рајнеке. Бернол е професор по камерна музика на Парискиот конзерваториум и професор по флејта на Националниот конзерваториум во Лион.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води енергичниот  американски диригент Еван Крист, шеф-диригент и музички директор на Операта и симфонискиот оркестар во Котбус, Германија.

На програмата на вечерашниот концерт на Филхармонијата ќе биде и ретко изведуваната Симфонија во три става од Игор Стравински.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он