Кометата Неовајс, која поминува покрај Земјата еднаш во 7.000 години, ќе се гледа во следните две недели

Од:

Новооткриена комета се движи во патека што ќе помине во близина на Земјата, а набљудувачите ќе може да уживаат во прекрасно ноќно шоу, што се случува еднаш во 7.000 години, соопшти НАСА.

Кометата Неовајс, најсветлата комета видлива од северната хемисфера последниве 25 години, влезе во орбитата на Меркур пред околу една недела. Близината на Сонцето и топлината направија нејзината опашка да биде уште подолга и уште посветла. Кометата со дијаметар од околу пет километри, ќе мине крај Земјата, а најблиску до нас ќе биде за околу две недели.

НАСА ја откри оваа комета во март. Нејзиното јадро е покриено со слоеви материјал кој датира од почетоците на нашиот Сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години.

Џо Масјеро од НАСА истакнува дека ова е најсветлата комета видена од средината на 1990-тите досега. Астронаутите од Меѓународната вселенска станица веќе успеаја да ја разгледаат поподробно. Боб Бенкен од НАСА сподели и фотографија од неа.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ