Колку чини визуелниот идентитет?

Од:

Јавноста често бурно реагира на промената на логото на некоја компанија, во толкава мера, што фирмите се одлучуваат да ја вратат во употреба старата верзија. Кога е во прашање визуелниот идентитет, промената на логото не е мала работа.

Stock Logos, најголемата заедница за дизајнирање на визуелните идентитети направи листа на познати логоа, фокусирајќи се на нивната цена, дизајнот и целта.

Што е потребно кога се дизајнира визуелниот идентитет и колку чини?

Еден од најновите примери е логото на Микрософт, кое е сменето прв пат во последните 25 години. Компанијата за ова ги ангажирала своите вработени, така што логото е бесплатно.

Новото лого за Пепси, дизајнирано во 2008-мата година, чинело милион долари.

Редизајнирање на логото за ББС оваа медиумска куќа ја чинеше 1,8 милиони долари.

Водечко на листата за најскапо лого е дефинитивно тоа на компанијата Бритиш Петрол, чие дизајнирање во 2008-та година чинеше неверојатни 211 милиони долари.

Гугл исто како и Микрософт, логото го доби бесплатно. Дизајнирано е од Сергеј Брин, еден од основачите на оваа компанија, во 1998-мата година.

И логото на Кока Кола е бесплатно. Дизајнирано е од Френк Масон Робинсон во 1885-тата година.

Дизајнирањето на логото за Олимписките игри во Лондон чинело 625 илјади долари.

Најк своето лого го добило во 1975-та година од Каролин Дејвидсон за само 35 долари. Компанијата нешто подоцна и подарила 500 акции кои денеска се со вредност од 600 илјади долари.

Цената на логото на Твитер е само 15 долари. Дизајнер е Симон Оксли.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска