Која е Олена Зеленски, првата дама на Украина

Од:

Додека украинската Централна изборна комисија ги сумира конечните резултати од претседателските избори, на кои, според прелиминарните резултати со убедливо мнозинство на гласови победи актерот Володимир Зеленски, вниманието на јавноста во Украина и Русија е свртено кон новата прва дама Олена Зеленски.

Володимир и Олена Зеленски се родени во градот Криви Рих, на југот на Украина. Тие оделе во исто училиште, но не се познавале како деца.

Многу години подоцна, Володимир враќајќи се од театар со свој пријател на улица сретнале две девојки и тој ден Зеленски ја запознал својата идна сопруга.

-Никогаш немав проблем со девојки. И одеднаш таков тврд орев! Сакав да ја освојам и тие чувства се развија во љубов, вели Зеленски.

Олена студирала градежништво на Националниот универзитет во Киев, а Володимир студирал право на Економскиот институт во истиот град.

Таа, сепак, никогаш не работела по струката, туку кариерата ја изградила во шоу-бизнисот, а на јавноста особено и е позната како сценарист во студиото „Квартал 95″, кое на почетокот на 2000 година го основал Зеленски со своите колеги.

Олена и Володимир се во брак од 2003 година. Володимир осум години го чекал вистинскиот момент да ја запроси, а сега имаат 14-годишна ќерка Олександра и шестгодишен син Кирило.

Олена Зеленски ќе биде најмладата прва дама во историјата на Украина, бидејќи има само 41 година. Од нејзините претходнички, не се разликува само по годините, туку и по стилот на облекувањето.

Дизајнерот Андреј Тишченко, кој работел кај Володимир Зеленски и ја познава Олена, вели дека таа преферира „класичен” изглед, за разлика, на пример, од Марија Порошенко, сопругата на Петро Поршенко.

-Лена сака се да е многу резервирано, многу скромно, вкусно. Таа, се разбира, повеќе сака класика, отколку облека со некои национални симболи, како на пример Марина Порошенко. Сè е со вкус, вели дизајнерот, додавајќи дека Олена „целиот живот се однесувала како прва дама”.

Олена Зеленски признава дека на почетокот агресивно реагирала на веста за кандидатурата на нејзиниот сопруг за функцијата претседател на Украина. Наскоро одлучила да го поддржи својот сопруг и се повеќе се појавувала во неговиот штаб во кампањата и во јавноста.

-Бев отворено против овој проект на почетокот. Бидејќи ова е многу тежок проект, не проект, туку нов правец во животот. Се обидував да го заштитам мојот сопруг, вели Олена.

Според даночната пријава на Володимир Зеленски, неговата сопруга е сопственик на 0,01 процент од студиото „Квартал 95“. Исто така, поседува 25 отсто од компанијата за производство на конзервирана риба „Селари фиш“.

Идната прва дама поседува два апартмани во Киев и на Крим, со вкупна површина од 413,8 квадратни метри, и два нестанбени објекта во Киев од 643,7 квадратни метри. Покрај тоа, Олена и Володимир изнајмуваат стан во Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски