Кога се работи за патување со авион, на многумина при влегувањето во кабина, во главата им се вртат мал милион прашања. Освен стандардното прашање и надеж за сигурност, многумина се прашуваат, сосема оправдано, дали водата во авионот е безбедна, можеме ли да се разболиме од воздухот во кабината или пак – дали екипажот ги менува воопшто навлаките на седиштата.
Дали водата за пиење во авионот е безбедна?
Испитувањата покажуваат дека водата за пиење во авионите понекогаш е полна со бактерии поради кои можете да се разболите, а тие податоци ги покажуваат тестовите на Агенцијата за заштита на околината и Волстрит Журнал. А тоа важи и за кафето и чајот во авионот. Според резултатите од истражувањата, водата во авионите денес е многу подобра отколу што била порано, меѓутоа, факт е дека големите контејнери, каде се чува водата во авионот, и тоа како се плодно тло за развој на бактериии. ЕПА (Environmental Protection Agency) дури предупредува дека луѓето со ризичен имунолошки систем, вклучувајќи ги децата и возрасните лица постари од 50 години, би требало да ја одбегнуваат авионската вода, пишува budgettravel. com.
Дали некој може да ја отвори врата на тоалетот од надворешната страна?
Да! Ако некој се заглави во авионскиот тоалет, нема причина за паника – веднаш зад знакот за забрането пушење обично се наоѓа мал прекинувач за отклучување на вратата.
Од воздухот во авионската кабина можеме да се разболиме?
Погрешно. Воздухот во авионската кабина се филтрира, а тестовите неретко покажуваат поголема чистота на воздухот отколку во болниците. Меѓутоа, се друго во авионот може да претставува опасност за здравјето. На пример, на седиштата, каде често се менуваат пелени на бебињата може да се најде бактеријата ешерихија коли. Затоа патувајте со дезинфекциски марамчиња и пребришете ги површините кои ги допирате во текот на летањето, особено ако патувате со дете и секако, добро избришете ги рацете.
Перничињата, ќебето и слушалките се чисти и се менуваат после секој лет?
Екипажот на авионот е затрупан со работа, буџетите се мали – па заклучите сами. Ако вашата прекривка е уредно наместена, а слушалките во пластични кеси, имате среќа.
Дали е вистина дека маските со кислород имаат воздух за само неколку минути?
Да, но тоа не е така лошо како што звучи. Авионите се под притисок затоа што воздухот на девет илјади метри не содржи доволно кислород. Во многу ретки случаи паѓа притисокот во кабината, маските со кислородот се спуштаат иако може да биде застрашувачки, патниците ги користат само неколку минути додека пилотот го спушта авионот на околу три илјади метри каде нивото на кислород е како на планинските врвови.