Кои се најстресните професии?

Од:

Истражувањето на Универзитетот во Висконсин во кое е направена листа со 200 најинтересни професии, додека нивото на стрес го мереле по основа на физичките побарувања за работата, потенцијалната смртност, патувањата и профитабилноста.

Резултатите покажуваат дека професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавноста, пилотите и новинарите имаат најстресна работа, додека со најмалку стрес се соочуваат универзитетските професори, библиотекарите и фризерите.

Професионалните војници и генералите имаат најстресна професија бидејќи освен што нивната работа е физичка и психички напорна, тие се одговорни и за војниците. Најстресна цивилна работа имаат пожарникарите кои секојдневно се изложени на опасности, а многумина од нив завршуваат трагично.

Меѓу останатите најстресни професии се работењето како пилот, фоторепортер, новинар, возач, полицаец и извршен дирктор.

„За помалку стресни професии се карактеристични позитивните повратни информации што се добиваат од клиентите, а воедно тие луѓе се и посреќни. Така, универзитетскиот професор е крал на своето кралство со најмногу овластувања во предавалната и со право да им кажува на студентите што треба да прават“, вели експертот Тони Ли.

За најмалку стресни професии се смета работењето како златар, службеник, лабораториски техничар и нутриционист.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска