Кои апарати ќе „изумрат“ во 2013 година?

Од:

ЦД РОМ-от и радио-уредите се апарати кои најверојатно ќе изумрат оваа година, одлучено е на гласањето „Gadget Graveyard“ спроведено на Саемот за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас на почетокот на овој месец.

Фотоапаратите и десктоп компјутерите го избегнаа сличното „пророштво“ и покрај се поголемата популарност на смартфоните и таблет апаратите.

Повеќе од 1.700 луѓе-членови на Институтот за електроинженери, инженери, студенти по машинство и учесници на ЦЕС гласале во анкетата за тоа кои апарати најверојатно ќе изумрат оваа година.

Триесет години старата технологија на ЦД РОМ-от добила 75 отсто од гласовите, што не е изненадување имајќи предвид дека одамна му се заканува исчезнување, благодарејќи на популарноста на попрактичните УСБ стикови.

Меѓутоа, гласачите биле поделени кога станува збор за судбината на останатите апарати. Радио-уредите се на второ место со 58 отсто гласови „за“, МП3 плеерите добиле 55 проценти, ДВД-то 53 отсто, а рисиверите за кабелска телевизија 51 процент.

Сепак, смартфоните не ги освоиле целосно човечките срца и умови како мобилни „се во едно“, кои прават фотографии и укажуваат на правецот. Гласачите биле оптимисти кога станува збор за фотоапаратите и ГПС системите. Тие добиле 75 отсто, односно 58 проценти „против“ од гласовите на прашањето дали овие уреди треба да завршат на „електронски отпад“.

Учесниците во анкетата ги спасија и десктоп компјутерите од „погребување“, бидејќи 62 отсто гласале позитивно за нивната судбина, иако таблетите и лаптоповите заземаат се поголемо влијание на пазарот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска