Канадската компанија „Кобо“ го претстави својот нов читач на електронски книги под името „Аура ХД“.
Уредот има 6,8 инчен екран со резолуција од 254 пиксели на еден инч, а од компанијата тврдат дека станува збор за е-инк екран со најголема резолуција на пазарот.
Аура ХД има „freescale“ процесор што овозможува брзо прелистување во однос на сите свои ривали.
Амазон поседува значителен дел од пазарот на читачи на електронски книги со фамилијата Киндл, но Кобо се надева дека Аура ХД ќе помогне за намалување на разликата со ривалот.
– Кобо Аура ХД е единствен премиум читач на електронски книги на пазарот. Дизајниран за остроумни корисници, е-читачот нуди импресивно искуство на читање на е-инк екран што најмногу наликува на обична хартија. Уредот има голем екран, елегантен и инспиративен дизајн. За корисниците кои го сакаат само најдоброто, Аура ХД е вистинскиот избор, се наведува во соопштението.
Цената на Аура ХД читачот на електронски книги е 163 евра.