Клинт Иствуд: Би сакал да снимам филмови уште 20 години

Од:

Американскиот фулмски актер, режисер и продуцент Клинт Иствуд, кој има 82 години, сонува за тоа да снима филмови уште 20 години, јави Фокс Њуз.

-Би било прекрасно да се има 105 години и натаму да се снимаат филмови – рече Иствуд на шега, нарекувајќи ја таа надеж како „крајно оптимистичка”.

Последен филм што Иствуд го режираше беше „Џ Едгар” во 2011 година за директорот на ФБИ Едгар Хувер.

Осум пати беше номиниран за оскар како режисер и продуцент, победувајќи со филмовите „Непомирливи” и „Девојката од милион долари”.

Останатите номинации ги заработи за „Мистична река” и „Писмата од Иво Џима”.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ