Денеска, со почеток во 20.30 часот, на платото во ТЦ „Лептокарија“, љубителите на класичната музика ќе можат да ги слушнат прекрасните звуци на триото „Триола“ .
Вечерта на класична музика ќе биде збогатена со ликовниот перформанс на уметничката дарба на Илија Спасов-Чедо.
Тој веќе има забележителна меѓународна кариера и искуство а во 2011 година, за прв пат учествуваше на отворената изложба во Културниот центар во Владата на Чиле.