„Кјуросити“ откри објект на Марс

Од:

Официјални лица од НАСА соопштија дека возилото за истражување на тлото на Марс „Кјуросити“ ги спроведе првите анализи и откри поголем објект на површината на планетата.

Се верува дека тоа може да бидат делови од возилото со шест тркала кое порано го истражуваше Марс, но во НАСА укажуваат дека не сакаат да даваат подетални оценки додека не се утврди јасно за што се работи.

„Кјуросити“ на Земјата испрати слики од една долина кои укажуваат дека на оваа планета некогаш течела река.

„Кјуросити слета на Марс на 5.август во мисја која ќе трае две години, а која чини 2, 5 милијарди долари, а со цел да пронајде траги кои би можеле да бидат доказ дека на Марс постоел микробиолошки свет.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ