Девојките кои своето детство го поминале без присуство на таткото во домот се понаклонети кон промискуитетно однесување во подоцнежните години, покажува најновото истражување од Универзитетот во Тексас.
Анкетирани биле 64 студентки кои одговарале на прашања поврзани за односот со таткото. Истражувачите откриле дека девојките на кои таткото им отсуствувал од домот во детството биле понаклонети кон порано губење на невиноста, како и на поризично сексуално однесување.
Експериментот опфатил две групи испитаници. Првата половина имала задача да напише како се чувствувале кога нивниот татко ги пропуштил некои од најважните моменти во нивниот живот.
Втората група го опишувала моментот кога нивниот татко бил физички или психички присутен.
Во следната задача од нив било побарано да ги пополнат празните места во зборовите и од дадените букви да направат збор. Се тоа имало сексуална конотација, на пример: S_X; _AK_D.
Резултатите од истражувањето покажале дека студентките кои се разочарани од своите татковци биле понаклонети да ги пополнуваат празните зборови со сексуална содржина (Sex, Naked).
Во САД од 24 милиони деца, едно од три живеат без татко.