Ќе се поедностави системот за информирање за политиките за безбедност на Фејсбук

Од:

Делегација од Дирекцијата за заштита на личните податоци е во официјална посета на Ирскиот комисионер за заштита на личните податоци во рамки на која се реализираше и посета на седиштето на Фејсбук за Европа во Даблин.

Со тимот на Фејсбук одговорен за Балканот и ЈИЕ, претставниците на Дирекцијата разговарале за најчесто пријавуваните злоупотреби на лични податоци на оваа социјална мрежа, како и за сите нови развојни промени во алатките за заштита кои сервисот ги нуди на своите корисници.

– Земајќи ги предвид специфичните злоупотреби на личните податоци на интернет пријавени во Дирекцијата од страна на македонските корисници, но и бројот на примените пријави кој е во постојан пораст, Фејсбук се согласи за натамошен развој на нашата соработка во делот на едукација на нашите граѓани за безбедното користење на социјалните мрежи. На средбата се отвори прашањето на потпишување посебен договор со кој ќе се уреди начинот на размена на информации кои ќе бидат дел од политиките за безбедност на Фејсбук на македонски јазик со што на нашите граѓани ќе им се овозможи полесен и едноставен систем за информирање, едукација, но и можност самите себеси да си помогнат во различни ситуации, изјави за МИА директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеорѓиевски.

Дополнително ќе бидат дефинирани условите за начинот на кој Дирекцијата ќе ја продолжи соработката со оваа социјална мрежа во предкривичната постапка.

На средбата со вработените во Ирскиот комисионер за заштита на личните податоци, биле разменети мислења за специфичните надлежности кои ги имаат согласно националните закони, начинот на вршење на истрага и инспекција над збирките со личните податоци и системот на пријавување на злоупотреби на личните податоци од страна на оние кои ги обработуваат. – Секако, едно од најактуелните прашања беше и вршењето на инспекцискиот надзор во седиштето на Фејсбук за Европа во Даблин и наодите на инспекторите по однос на заштитата на приватноста на оваа популарна социјална мрежа, изјави Ѓеорѓиевски.

Во текот на последниот ден од студиската посета претставниците на Дирекцијата ќе ја посетат и единицата за компјутерски криминал.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он