Бразилката Елисани да Круз Силва, која е висока два метра и три сантиметри, одлучи да се омажи за своето момче Франсиналдо да Силва Карваља.
„Висинската“ разлика од 40 сантиметри воопшто не им била проблем бидејќи истакнуваат дека љубовта им е поважна од се.
Во врска се три години и живеат во мала куќа во Салинополис.
– Отсекогаш сакава да имам висока девојка, а потоа ја сретнав неа и се совршено си дојде на место во мојот живот, изјави Франсиналдо за Дејли меил.