Ќе ги промени ли Џејмс Бонд полот или бојата на кожата?

Од:

Продуцентката на филмовите за Џејмс Бонд не ја отфрла можноста главниот лик во серијалот наскоро да го промени полот или бојата на кожа.

Во последно време се погласни се шпекулациите дека ТВ ѕвездата, Џејмс Нортон ќе биде новиот агент 007, сепак процуентката Барбара Броколи спомена дека следниот глумец кој ќе го глуми Бонд може да биде црнец или жена.

– Филмовите со Џејмс Бонд се рефлексија на времето во кое што настанале и отсекогаш се обидуваат да ја поместат границата. Се е можно, рече Броколи одговарајќи дали би можело да видиме женски Бонд или црн 007.

Броколи веќе еднаш го промени Бонд, па од висок, со темна коса претставуван од Роџер Мур го претвори во мускулест и со посветла коса.

Данијел Крејг во 2015. година изјави дека порадо би си ги пресекол вените отколку да игра во уште еден филм за Џејмс Бонд, но сепак минатата година беше наговорен, па по петти пат ќе ја игра улогата.

– Чув како луѓето зборуваат дека Бонд треба да биде жена или геј. Но тоа не би можело да биде Бонд од едноставна причина – тоа не е она што Ијан Флеминг го пишуваше. Не се работи за хомофобија или расизам, едноставно за почитување на ликот, изјави Роџер Мур во 2015. година.

Би можело да ве интересира

Даниел Крег сè уште на врвот на листата најплатени актери

Горан Наумовски

Двејн Џонсон сака да го глуми Џејмс Бонд

Ана Ололовска

Даниел Крејг: Немам ништо заедничко со Бонд

Ана Ололовска

Трето одложување на премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Катерина Ѓуровски

Почина Шон Конери, најпознатиот Џејмс Бонд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Погледнете го трејлерот за новиот „Џејмс Бонд“ – No time to die

Ана Ололовска