Киносалите во центрите за култура добиваат нови дигитални проектори

Од:

Првите пристигнати осум од предвидените 15 дигитални проектори наменети за киносалите во 14 центри за културата и еден за Филмскиот фонд на Македонија ќе бидат инсталирани наредните две недели во Куманово, Струга, Охрид, Кочани, Делчево, Неготино, Крива Паланка и во Гостивар. Тие се дел од проектот за обнова на опремата за прикажување филмови во 14 центри на културата во Македонија.

Проекторите се од познатиот американски производител „Кристи“. Заедно со нив ќе бидат поставени и блу-реј плеери кои ќе овозможат прикажување на новите филмови во висока резолуција.

Во втората фаза, најдоцна до 1 март 2013 година, ќе бидат набавени дигитални проектори и за центрите за култура во Прилеп, Тетово, Дебар, Струмица, Велес и Кичево.

Проектот беше најавен во март годинава. Се реализира преку Филмскиот фонд на РМ, со  буџет од скоро 11 милиони денари. Четиринаесетте центри беа  избрани врз основа на анализа на Фондот за состојбата на нивните киносали и опрема, која  покажа дека повеќе поголеми градови со години имаат кина со застарена, дотраена или нефункционална опрема.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција во Филмскиот фонд каде што беа претставени проекторите на присутните директори на центрите за култура официјално им ги врачи одлуките за нивно доделување. Таа информираше дека е набавен и еден мобилен програмски кинопроектор со кој ќе можат да се прават проекции на филмови во центрите за култура во помалите населени места што не се опфатени со овој проект.

Два од пристигнатите дигитални проектори пред еден месец беа употребени за прикажувањето на филмот „Трето полувреме“ во Битола, Охрид и во Свети Николе.

– Преку овој мошне значаен проект, македонските филмски продуценти ќе имаат можност да реализираат уште пообемна дистрибуција на филмовите низ земјата, а со тоа филмовите од најновата продукција ќе бидат достапни за граѓаните на сите градови во Република Македонија. Убедена сум дека реализацијата на проектот ќе биде голем придонес кон создавањето и развивањето на филмската култура во Македонија и како држава ќе бидеме во тек со технолошкиот развој на филмот и брзата доминација на дигиталните медиуми и процеси на дигитална продукција и дистрибуција на филмовите, рече Канческа – Милевска.

Директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башески на прес-конференцијата соопшти дека следната година ќе бидат набавени и два најквалитетни проекторa за фестивалите „Браќа Манаки“ и „Синедејс“. Нивните организатори – Центарот за култура Битола и Младинскиот културен центар Скопје веќе добија околу 30.000 евра од Европскиот филмски фонд „Еуримаж“ за дигитализација на нивните киносали.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“