Лиу Кијуан, земјоделец од Кина, одлучил да ја искористи паниката која моментално владее меѓу неговите сонародници кои веруваат дека на 21 декември ќе се оствари пророштвото на Маите и ќе исчезне светот каков што го познаваме.
Кијуан во дворот на својата куќа во селото Куинтун, јужно од Пекинг, изградил кожурци за кои тврди дека ќе го преживеат апокалиптичниот удар. Инспириран од холивудсиот блокбастер „2012“, Кинезот пред неколку години почнал да гради сфери од плексиглас.
Лиу изградил седум кожурци кои можат да плутат по водата, а некои од нив имаат и сопствен погон. Херметички се затворени, а во внатрешноста се наоѓаат боца со кислород и сигурносни појаси.
Внатре во сферата може да собере 14 луѓе, а дизајнирани се така што остануваат во исправена положба дури и кога се во вода.
Лиу се надева дека неговиот изум ќе го откупат странските државни служби и меѓународните организации и ќе ги искористат во случај на цунами и разорни земјотреси.