Науката во блиска иднина ќе го создаде првиот квантен компјутер, којшто по своите главни одлики би ги надминал сите современи суперкомпјутери, соопшти Кинеската академија на науките.
– Кинески стручњаци веќе умеат да ги контролираат, како едноделната, така и квантната состојба. Може да се каже дека веќе преминуваме од експерименталната на модуларната фаза. Квантните телекомуникации и компјутери ќе ни овозможат револуционерен пробив, изјави директорот на Академијата, Баи Чунлин.