Кина блокира дел од услугите на Гугл

Од:

Кинеските власти го блокираа пристапот до некои од услугите на интернет гигантот „Гугл“ пред 25-годишнината од крвавото задушување на продемократските демонстрации на плоштадот Тијананмен.

Организацијата за борба против цензурата „GreatFire.org“ објави дека кинеските власти почнале со напади врз пребарувачот Гугл уште минатата недела.

– Не е познато дали блокирањето е времена мерка поради годишнината или е постојано. Тоа трае веќе четири дена, многу веројатно е дека има проблеми со пристапот до Гугл, се наведува во соопштението на организацијата.

Спред „GreatFire.org“ од петокот е регистриран значително намален сообраќај од Кина  кон услугите на Гугл.

Кинеските власти веќе го имаат блокирано пристапот до популарните странски страници „Фејсбук“, „Твитер“ и „ЈуТјуб“.

Случувањата на плоштадот Тијананмен за кинеските власти останува забранета тема.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он