Келси Грамер (Фрејзер) доби ќерка

Од:

Келси Грамер (57) заедно со својата сопруга Кејт, го зголемија своето семејство за уште еден член, девојчето Фејт. Иако тие очекуваа близначиња, сепак едното од децата не преживеало.

Ова е првото дете на парот кој стапи во брак во февруари 2011 година, поточно за 31- годишната Кејт е прво, а за Келси е 5-то затоа што тој веќе има 4 деца од претходните врски и едно внуче.

„Бевме воодушевени кога дознавме дека Кејт носи близнаци. За жал врднаш потоа го изгубивме момчето“, изјави семејството додавајќи дека се досега криеле за несреќата, бидејќи им предизвикала голема болка. Двојката планира и понатаму да го слави животот и планира уште бебиња.

Актерот е најпознат по неговата улога во серијата Фрејзер за која доби четири „Еми“ награди и две „Златен глобус“.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид