Кејт Мидлтон и Меган Маркл разговарале за заеднички Нетфликс проект

Од:

И покрај тоа што веќе некое време се зборува за заладени односи меѓу членовите на кралското семејство, се чини дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и Меган Маркл, наводно, се поблиски од кога било. Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на Нетфликс проект.

„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.

Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.

Принцот Хари и Меган лани потпишаа договор со Нетфликс кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасни.

Би можело да ве интересира

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од студентските денови

А1он

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Нивните расправии се сериозни, таа има начин да се справи со Вилијам

Предраг Петровиќ

Се јави Кејт Мидлтон, има порака