Неколку капки кечап за време на појадок и ручек, односно две чаши доматен сок дневно, значително ќе го намали нивото на лош холестерол, тврдат научници од Универзитетот во Осло.
До овој заклучок научниците дошле врз основа на тринеделното истражување врз доброволци со висок холестерол. Кечапот или доматниот сос им са давал на испитаниците со цел да се намали ризикот од срцев и мозочен удар.
По три недели утврдено е дека вкупното ниво на холестерол се намалил за шест проценти, а лошиот, кој е посебно анализиран, дури за 13 проценти.