Убавата манекенка и модел Катарина Ивановска ќе трча на Скопскиот маратон кој ќе се случи утре.
Скопскиот маратон, кој во недела на 12 мај ќе се одржи низ улиците на главниот град на Македонија, а ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи, односно околу 4,900 од 36 држави.
Почетокот на трките е во 9 часот кај „Рекорд“, а целта е на плоштадот „Македонија“.
Како и досега, ќе се трчаат четири трки, а во фокусот е маратонската трка на која ќе учестуваат 200 атлетичари кои ќе се натпреваруваат на 42 километри, и полумаратонот со 600 учесници на 21 километар.
На Хуманитарната трка се пријавени 3.500 рекреативци кои ќе трчаат 5 километри, додека на мини маратонот се пријавени 600 деца.