Современите апарати, како што се „паметните“ телефони и таблет компјутери, стануваат се попопуларни, а со тоа и контактите и бројните информации поврзани за онлајн пазарењето и банкарството се почесто стануваат мета за кражби и злоупотреби. Затоа руската компанија „Касперски Лаб“ порачува заштита на мобилните апарати.
Кај традиционалните компјутери и лаптопи ажурирањето е од суштинско значење, а тоа е многу полесно да се направи на таблетите и смарт телефоните, отколку на компјутерите.
Кога станува збор за вирусите на мобилните телефони, експертите од компанијата „Касперски Лаб“ постојано идентификуваат нови закани.
Во текот на вториот квартал од годинава бројот на Андроид „тројанци“ речиси двојно се зголеми во споредба со првиот квартал.
„Касперски Лаб“ во тој период откри повеќе од 14.900 нови вирусни програми за мобилните платформи, како и повеќе од 9.000 нови мобилни закани.
Решенијата за мобилна заштита се слични со оние за компјутерите: ИТ заштита во реално време, барано и закажано антивирус скенирање, автоматско ажурирање и блокирање на опасните конекции на мрежата, како и фајервалови кои штитат од хакерски напади.
За да се избегнат злоупотребите, од руската компанија советуваат користење лозинка за пристап до смарт телефонот или таблет компјутерот. Исто така, со користење на целосно шифрирани податоци ќе се спречи приватните фотографии и снимки да дојдат во погрешни раце.
Алтернативно, безбедносната програма, како што е Касперски мобај Сикјурити може да обезбеди целна заштита за личните податоци.