Канон го претстави најмалиот и најлесниот ДСЛР фотоапарат

Од:

Јапонскиот производител „Канон“ го претстави најмалиот и најлесниот ДСЛР фотоапарат досега, а тоа е ЕОС 100Д.

ЕОС 100Д има резолуција од 18 мегапиксели, а дизајниран е да им ги понуди на корисниците сите можности на ДСЛР во компактна форма.

Димензиите на ЕОС 100Д се 116х90х69 милиметри, а тежок е само 407 грама. Според тоа ова е најмалиот и најлесниот АПС-Ц ДСЛР досега произведен.

Фотоапаратот има Оптички „Viewfinder“ и голем 3,3 инчен екран осетлив на допир, што се наоѓа на задната страна и наменет е за подесување и преглед на фотографии.

ЕОС 100Д може да прави фотографии со брзина од 4 фпс, а содржи и многу креативни филтери и ефекти.

Фотоапаратот ќе биде достапен кон крајот на април, а основната цена ќе изнесува 670 евра, додека модеот со објектив ЕФ-С ќе чини 823 евра.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска