Познатата канадска дизајнерка Колет Сорос, инспирирана од своето норвешко потекло, го реновираше својот дом во Ванкувер во ново, скандинавско руво.
– Го сакаме нашиот дом – имаме поглед и кон центарот на Ванкувер и кон планината Норт Шор, истакна Сорос, објаснувајќи зошто таа и нејзиното семејство одлучиле наместо да се преселат – просто да го реновираат старото живеалиште.
Така, куќата добила уште еден кат, високи тавани, нови прозорци и трем со поглед на блиската шума.