Коалицијата „Маргини“ го претстави календарот за 2018 година кој е посветен на Огнен Чемерски.
– Овој календар му го посветуваме на нашиот драг и сакан Огнен Чемерски. Преведувајќи, Огнен го откриваше и создаваше квир речникот и не’ учеше дека политиките на преводот се и политики на отпор, на креирање на нов политички речник и стратегии за борба на настраните, соопштуваат од Коалицијата.
Воедно, „Маргини“ е новото име на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ со цел да се олесни именувањето на организацијата.
Со големо задоволство ви го претставуваме календарот за 2018 на Коалиција Маргини!