Месечината мириса на автомобилска трка – комбинација на мирис од жежок метал, согорен дизел и чад од скара, а извор на тој мирис се ѕвездите кои изумираат, тврдат научниците.
Нуспродукт на гасењето на ѕвездите се спојување на непријатни мириси – полициклични ароматично јаглеводороди.
Овие молекули се распространети низ целата вселена, тврди Луис Аламандол, основач и директор на Лабораторијата за астрофизика и астрохемија во истражувачкиот центар на НАСА, „Амес“.
Весникот „Популарна наука“ наведува дека тие јаглеводороди се наведени и како можна основа за најраните облици на живот на Земјата. Полицикличните ароматични јаглеводороди може да се најдат во јагледнот, нафтата, па дури и во храната.
Иако луѓето не може да дишат во вселената за да го почувствуваат чистиот мирис (бидејќи се работи за вакуум), кога астронаутите излегуваат од Меѓународната вселенска станица во „прошетка“ овие честички паѓаат на нивната опрема, каде што се задржуваат.
По вселенската „прошетка“, астронаутите пријавуваат мирис на изгорен стек.
Мирисот бил толку изразен што НАСА побарала од Стивен Пирс, од компанијата која што се занимава со производство на мириси „Омега ингредијентс“ да обезбеди мирис за тренажна симулација на астронаутите.
– Неодамна го направивме мирисот на Месечината, а астронаутите го споредуваат со барут, наведува Пирс.
Научниците сметаат деак Сончевите систем е особено ароматичен, бидејќи е полн со јаглерод, а има и малку кислород.
Ѕвездите богати со кислород имаат арома која потсеќа на скара на јаглен, додека мирисите надвор од Млечниот пат би можеле да бидат навистина интересни, наведуваат научниците.
Во мрачните делови на вселената молекуларни облаци полни со честички ситна прашина имаат цела палета мириси – од сладок шеќер до сулфурест мирис на расипани јајца.