Ретко може да се види иновативна и уникатна промоција на сериите, освен преку тизери и трејлери.
„Game of Thrones“ направи промена во тоа поле со последниот потег.
Екипата реши да направи креативна промоција и постави череп од змеј на плажа во Дорсет, Велика Британија. Токму плажата каде што беше поставен черепот е позната како место на кое се откриени фосили од диносауруси.