Како да спиете подобро?

Од:

Ако спиете добро – ќе бидете поздрави, помалку мрезеливи и помалку изложени на стрес, отколку луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Ќе живеете подолго со помали количества на C – реактивен протеин во телото, помалку срцеви заболувања, помала веројатност за мозочен удар, дијабетес и артритис.

Спиењето, исто така, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Според едно неодамнешно истражување дури 57% од луѓето имаат проблеми со спиењето.

Понекогаш, решението на овој проблем лежи во трансформацијата на вашата спална соба при што сите пет сетила ќе бидат задоволни од удобната околина за убав и здрав сон.

Како да го подобрите квалитетот на вашиот сон?

1. Утринското подготвување на спалната соба може многу да влијание врз квалитетот на спиењето. Чистаа и уредна спална соба пред се.

2. Неодамнешните истражувања докажаа дека луѓето кои спијат на воздушни душеци, или душеци направени од морска пена имаат многу подобар сон.

3. Лошиот избор на перница предизвикува болка во вратот и на главата. Потребно е да се избере соодветна перница во склад со вашиот ‘рбет.

4. Ако сте „ноќни птици“ обидете се да станете рано и прошетајте по сонце. Оваа постапка ќе го запре лачењето на мелатонин во текот на денот, а телото ќе започне да го ослободува во текот на ноќта. Така полесно ќе заспивате.

5. Само неколку капки мирис на лаванда ќе направат чудо за вашиот сон. Лавандата е добро познат лек за несоница, вознемиреност, депресија и замор.

6. Релаксирачкото капење пред спиење помага да се опуштат мускулите и да се намали температурата на телото, со што мозокот добива јасен сигнал дека е време за спиење.

7. Вежбањето на почетокот на вечерта има добро влијание на спиењето. Сепак, треба да се избегнат тешките физички вежби и да се внимава тоа да се направи 2-3 часа пред спиење. Во спротивно ќе има обратен ефект.

8. Вечера со свеќи е совршен начин за да се подготви телото за добар сон.

9. Некои експерти советуваат консумирање на банана пред спиење. Таа е полна со триптофан, аминокиселина потребна да се произведе серотонин што пак има смирувачки ефект. Обидете се со банана.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска