Како да се ослободите од менструалните тегоби?

Од:

Секоја жена различно се справува со болката во текот на менстуралнит циклус. Некои воопшто не забележуваат тегоби, додека пак други постојано се соочуваат со проблеми кои не поминуват така лесно.

Менструалните грчеви всушност се резулатат на хормонот наречен простагландин кој ја стега матката. Болката варира од една жена кај друга заради различната концентрација на овој хормон.

Грчевите траат обично ден – два. Се проценува дека кај 60 проценти од жените менструалните болки се неподносливи.

Земајќи лекови против болка, можете моментално да го ублажите проблемот, но тие не дејствуваат на вистинската причина. Употребата на орални контрацептивни средства може да биде од помош, но експертите советуваат поинакви алтернативни решенија со кои може да се дојде до саканиот резултат и еднаш засекогаш да се ослободите од мачнината.

-Жежок туш или шише со топла вода, на стомакот и на грбот;

-Кога имате добиено, ослободоте се од секоја облека што ве стега, тесни фармерки, појас или нешто друго што ви го притиска стомакот;

-Не пијте кафе, или пијалоци што содржат кофеин;

-Јадете моркови, или супа од моркови, тие ја олеснуваат непријатноста;

– Витаминот Д3 ги олеснува менструалните грчеви и го спречува произвоството на простагландин;

– Акупунктурата се користи многу години во Кина како метод кој помага во ослободување на менструалните грчеви и се поголем број на западни експерти ја прифаќаат како ефективно средство за лекување;

-Ајдучка трева се користи за лекување на болести на желудникот и цревата, при проблеми со дигестивниот систем, црниот дроб и жолчката. Оваа билка ги олеснува и грчевите во ПМС-от, ги смирува нервите и позитивно влијае на воспалувањето на јајниците;

-Оралната контрацепција ги ублажува симптомите на болната менструација односноа жените кои користат комбинирани орални контрацептивни пилули ретко се соочуват со силна болка, во споредба со жените кои не користат.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска