Креативните луѓе на социјални мрежи постојано поставуваат нови јадења и рецепти… Така, најголем хит појадок моментно е т.н. „тост сирена”.
Станува збор за препечено лепче со намаз во морски бои. Има и „тост еднорог”, на којшто се претопуваат боите на виножитото.
– Со додавање на сок од цвекло, се добиваат најубави нијанси на виолетова. Мојата цел е здравата храна да ја претворам во забавна храна, така што додавам по малку боја, изјави за „Вог” Аделина Вог, која стои зад профилот „vibrantandpure“ и којашто е една од творците на овој необичен и доста популарен тренд.
Ако и Вие сакате забавен оброк, земете топено сирење и препуштете и се на фантазијата и на својот префинет вкус.
За зелена боја пак, додаваме спирулина во прав, за розово-виолетова нијанса, користиме сок од боровница. Треба само малку да се помешаат и да ги размачкаме на печеното лепче, да додадеме украси што се јадат, овошје, зеленчук – онака, само за уште поубаво да изгледа сето тоа.