Како да го заведете природно?

Од:

Повеќето жени веруваат дека мораат да потрошат часови пред огледалото, да имаат уредна коса, добро да се нашминкаат и убаво да се облечат за да го провлечат неговото внимание. Поради овие стереотипи многу често се под притисок и трошат цело богатство за да излгледаат совршено.

Иако звучи неверојатно, сепак мажите кај жените најчесто не ни забележуваат што се тие направиле за нив и како се подготвиле. Прескапата долна облека обично ја гледаат само како нешто што треба да го соблечат. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го заведете на поинаков начин.

Членови на посилниот пол се природни и сакаат природни нешта. Голема е веројатноста дека тие нема ни да го забележат вашето потрошено време пред огледалото, па појавете се без шминка и со природен изглед.

Не мислите ли дека го возбудува само физичкиот изглед. Ако се обидете да го заведете со духовит коментар или насмевка, ќе сфатите дека тоа е клучот за успехот.

Без разлика што жените мислат, мажите не сакаат рамни стомаци и големина 0. Облините им се секси.

Интелигенцијата, довербата, емоционалната зрелост и сексуалната отвореност ќе ви помогне не само да го освои туку и да бидете сигурни дека тој не може да биде без вас. Поддржете го кога е очаен, а кога ќе биде потребно, покажете ја вашата чувствителна страна и ќе биде ваш.

Ако сте послободно облечени, тој ќе се чувствува подобро во вашето друштво. Ако пак секогаш сте безпрекорони и се однесувте како светица, ќе го исплашите.

Верувале или не, на мажите им се допаѓа кога жената има разбушавена коса и се чини како да излегла од креветот. Ако сето ова го искомбинирате со насмевка и смел поглед ќе бидете неодоливи.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска