Како да го намалите ризикот од рак на простата?

Од:

Ракот на простата е најчест карцином меѓу мажите. Расте полека, има малку симптоми, но може да се излекува ако рано се открие.

Постојат многу работи кои можете да ги направите за да го намалите ризикот од рак на простата, вклучувајќи ги промените во исхраната и умереното вежбање.

Консумирајте повеќе кафе

Истражувачите од Универзитетот „Харвард“ откриле дека мажите кои пијат неколку шолји кафе денвно имаат дури 60 отсто помали шанси да развијат рак на простата, но сè уште не се во потполност сигурни зошто е тоа така.

Прескокнете ги крофните

Мажите со високи нивоа на транс масти во крвта имаат двојно помали шанси да заболат од оние чии што нивоа на овие масти се ниски. Овие масти се наоѓаат во маргаринот, посебно тврдиот. Транс мастите се наоѓаат и во храната која ја купувате во продавници и ресторани, како што е брзата храна, печивата и пржената храна. Кога на декларацијата на многу производи ќе прочитате „хидрогенизирани“ или „делумно хидрогенизирани“ масти, тоа значи дека таа храна содржи транс масти. Како и заситените масти така и транс мастите го зголемуваат нивото на холестерол и се потенцијал за многу срцеви заболувања. Исто така, избегнувајте консумриање крофни и слатки, бидејќи и тие се полни со транс масти.

Јадете црвено

Барем двапати неделно консумирајте јадења со варени домати, кои создаваат повеќе корисен ликопен колку повеќе се вари. Ликопенот е силен антиоксиданс од групата на каротеноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротеноидите, па затоа тој може да се внесе во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумираат производи од патлиџан, отколку кога се консумира свеж патлиџан. Се претпоставува дека при готвењето на патлиџанот, од него се ослободува ликопенот, и на тој начин тој полесно може да се апсорбира. Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата. Ликопенот може, исто така, да го забави и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест. Мажите кои консумираат 10 патлиџани неделно имаат 45 отсто помали шанси да заболат од рак на простата.

Движете се

Вежбањето го намалува ризикот од фатални карциноми на простата за 41 отсто. Огромен напредок е воочен и кај оние кои ја преживелае оваа болест, па вежбале во текот на заздравувањето.

Јадете риба

Омега 3 – масните киселини ги инхибираат сите видови на тумор, а истражувачите откриле дека оние кои консумираат риба три пати неделно го намалуваат ризикот од агресивен рак на простата за 25 отсто.

Практикувајте почесто секс

Студијата од 2004. година спроведена на 30.000 мажи, открила дека оние кои имаат оргазам 20 пати месечно имаат 30 проценти помали шанси да развијат рак на простата од оние кои доаѓаат до оргазам само седум пати месечно. Ако ве одбие партнерката во кревет, доволно е да ѝ речете дека вашиот лекар така наредил.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска