Како да го избегнете вишокот килограми?

Од:

Се е во ваши раце. Против вишокот тежина можете самите да се изборите. Овие совети ќе ви помогнат да ја спречите појавата на килограмите или полесно да се ослободите од нив.

Имајте секогаш предвид дека празната чинија не е решение, бидејќи килограмите се враќаат веднаш по диетата, а помфритот со мајонез е вистинска калорична бомба.

Јадете природна храна, полна со минерали. Тоа значи многу зеленчук, овошје, леб и житни производи (мусли, кнедли, итн), ориз, тестенини, компири, зачини.

Умерена храна од животинско потекло: млеко и млечни производи (сирење, јогурт, павлака), месо, колбаси, јајца, риба.

Бидете внимателни со мастите, маслата, закуските и слатките: путер, маргарин, маст, маст за печење и за пржење, чоколадо, чипс, ореви, колачи, пецива и алкохолни пијалаци.

Пирамида на здрава исхрана:

6 дела течности (пијалоци со малку калории)

5 дела овошје и зеленчук

4 дела житарици, леб и прилози

3 + 1 дела со млеко, млечни производи, месо, јајца или риба

2 дела со масла и масти

1 дел (максимум), бомбони, ужинка или алкохол

Проверете ги и вашите навики за јадење

Често јадете пред телевизор или набрзина? Начинот на кој јадете, исто така, може да предизвика зголемување на телесната тежина.

Место да јадете брзо, преџвакајте го секој залак најмалку 20 пати, со што ќе го зголемите времето за јадење за најмалку 20 минути.

Не прескокнете ги ужинките, испланирајте 5 вистински оброци на ден.

Немојте секогаш да ја празнете чинијата. Престане да јадете кога сте полни, а не кога во чинијата нема повеќе храна.

Дали јадете кога сте нервозни. Престанете да го правите тоа. Кога сте нервозни обидете се да бидете физички активни.

Ако јадете кога ви е досадно, заборавете на тоа. Подобро излезете и прошетајте, појдете на кино, или пуштете си добра музика.

Доклку пак „морате“ да јадете пред телевизор, тогаш барем земете сецкан зелечук.

Движете се!

За да ослабнете и да останете слаби, во секојдневниот живот вметнете физичка активност.

Избегнувајте лифтови. Старите добри скали се многу подобри за вашата линија!

Оставете го вашиот автомобил дома и појдете пеш да ги завршите вашите обврски в град. Тоа е поефтино, поздраво и подобро за околината.

Не оставајте ги вашите секојдневни обврски, бришење прашина или косење на тревата само за викенд. Работата околу домот и градината треба да се извршува секој ден.

Спортот најдобро може да го обликува вашете тело и здравје. Започете да се занимавате со некој спорт.

На работа седите пред компјутер, дома пред телевизор? Намалете го времето поминато во седење. Движете се!

Таблети за слабеење – ни во лудило.

Постојат повеќе видови на вакви понуди: таблети за намалување на апетитот, чаеви за губење на тежината , медикаменти кои ја цедат водата и штетните материи од организмот… сите тие средства ветуваат чудо. Но, многу од нив навистина немаат некаков ефект, а некои дури се и штетни. Таблетите и специјалнитедиети се значајни само во екстремни случаи на вишокот тежина и во почетокот на терапијата. Но, затоа сепак ќе треба да одлучи вашиот лекар.

Кои диети имаат смисла?

Постојат повеќе начини на држење на диета, но многу од нив немаат смисла. Добрата исхрана се базира на разновидната исхрана, која е вкусна и здрава. Во таква диета нема ограничувања. Покрај тоа, сите диети треба да ги земат предвид желбите, вкусот и потребите на личноста. Со добрите диети килограмите се намалуваат постепено. А потоа, со добрата исхрана и новите навики за јадење ќе профункционира и новиот стил на живот, ако се сака да се задржи линијата.

Ако не го менувате изборот на храна (најмалку пет различни видови храна но ден) диетата е сиромашна. Притоа треба да знаете дека не можете да ослабнете за три дена, а не се препорачуваат ниту апчиња за слабеење. А многу важно е откако ќе завршите со неа да не се вратите на старите навики, бидејќи така ќе ги вратите и килограмите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска