Како да ги подобриме постигнувањата на децата во училиште?

Од:

Омега-3 и омега-6 масните киселини од риба влијаат позитивтно на способноста на децата да читаат и да се концентрираат, пишува „Дејли меил”.

Диетологот д-р Ема Дербишаер и нејзиниот научен тим од Универзитетот во Јужен Велс анализирале 29 истражувања спроведени последниве пет години, на податоци за внос на различни количества масни киселини. На примерок од 3.000 деца, сознанијата посочуваат забележителна корист за учењето, концентрацијата и поведението.

– Имајќи предвид дека околу 60 отсто од човековиот мозок е составен од масти, има логика тоа дека нивото и видот на масти во нашето тело ќе влијаат и на функциите на мозокот… Истражувањето јасно покажа дека поголемо внесување на омега-3 и омега-6 масни киселини кај децата има позитивен ефект врз способностите за читање, правопис, да се однесуваат примерно и да внимаваат. А, тие хранливи додатоци помагаат и при намалување на хиперактивноста и агресијата, смета д-р Дербишаер.

Според научниците, омега-3 и омега-6 се поволни за оние деца кои имаат проблеми на училиште, најмногу со вниманието.

Би можело да ве интересира

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за ученикот кој падна од прозорец

А1он

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши

Во математика, од 58 држави, нашите ученици се на 44 место, во природни науки сме три места подолу

Горан Наумовски

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето