ВИДЕО: Како би изгледала Октомвриска револуција ако Ленин имаше Твитер?

Од:

Руска телевизиска мрежа „Раша Тудеј“ (РТ) на Твитер покрена интернет реконструкција под хаштаг #1917LIVE, посветена на Октомвриската револуција од 1917 година, од која годинава се навршуваат точно 100 години.

Проектот меѓу другото, има за цел да теоретизира како би изгледала Револуцијата, доколку пред еден век луѓето би имале интернет и Твитер.

Деновиве на таа социјална мрежа осамнаа профили на сите позначајни актери во тие револуционерни случувања – Владимир Илич Ленин, Лав Тоцки, семејството Романови, како и други значајни личности од тоа време.

Покрај обемните пишани информации, на профилите се прикачуваат и бројни автентични фотографии, видеа, како и видео-симулации.

Главниот медиум тогаш бил Руската телеграфска агенција (РОСТА).

Сето она што се случува на Твитер, „се пренесува“ и на Јутјуб каналот на РТ.

Би можело да ве интересира

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска