Тешко е да се замисли наутро да се појде на работа без да се испие кафе, напиток кој ги буди нашите сетила и не враќа во живот.
Токму затоа компанијата „Супервелоче“, која произведува ограничени серии на уметнички дела инсипирани од авионскиот и автомото дизајнот, изработи кафемат наречен „62лб Авијаторе Велоче Турбоџет“, кој наликува на авионски мотор.
Кафематот е со совршен дизајн, изработен од авионска некородирачка легура на алуминиум и челик, и е прелагодлив за работна соба, трпезарија или кујна, а може да се користи и надвор од домот.
Овој необичен апарат можеби делува како претерано голем за подготвување на еден обичен филџан кафе, но само малкумина можат да се пофалат со фактот дека својот омилен напиток го добиваат од млазен мотор.