Кацига која велосипедистите ги штити од студ и ги „обележува“ во темница

Од:

Брендот „Клоска“, кој произведува кациги за велосипедисти, ја освежи својата понуда со нов производ дизајниран со цел безбедноста на корисниците и одржување на нивна идеална температура во текот на зимата.

Новата кацига, која го доби името „Фуга“, има визир за возење ноќе или во раните утрински часови, кога видливоста е намалена. Додаток е и рефлектирачката ткаенина на задната страна, која овозможува да велосипедистите да бидат видливи во сообраќајот.

Друг додаток е нордискиот визир од ребраста волна, кој може да се вметне во кацигата и да ги грее ушите и задниот дел од главата.

Новата подобрена кацига е достапна во сива и беж верзија. Интересно е тоа што концентричките кругови на кацигата можат да се сложат така што таа може полесно се смести во спортска торба.

Нејзината внатрешна структура е изработена од армирани стаклени влакна за заштита на корисникот и со скриени отвори за циркулација на воздухот.

Цената и е околу 120 евра.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска