Кабинетот за складирање „Глобус“ го создаде „Studio Job“ за „Гуфрам“ од Италија.
Ова исклучително каприциозно парче е за сите оние кои сакаат да патуваат и да носат многу сувенири во својот дом.
Малиот кабинет со глобус е дизајниран за вашите сувенири кои ќе ви ги вратат сите сеќавања од патувањата и ќе донесат топлина од местото кое сте го посетиле.
„Гуфрам“ е познат по својот разигран полиуретански мебл. Ормарот за складирање е направен од лакиран МДФ (влакнести плочи како иверка) во димензии 95 Х 44 Х 195 см.
Кабинетот е декориран со кугла во центарот, поточно глобус, што е направен од полиуретанска пена. Изработен е во ограничена серија од само 50 парчиња.
Во него има шест полици за сите незаборавни сувенири. Сувенири од различен облик, книги, шишиња, флаши, статуи совршено ќе се вклопат на полиците на овој ормар.