Јутуб ќе емитува 40 американски телевизиски канали со претплата

Од:

Јутуб вчера објави дека наскоро ќе влезе во конкурентен натпревар на пазарот на сателитски и кабелски оператори, пренесе БТА.

Јутуб ТВ ќе биде насочена пред се кон младите генерации, кои сакаат да гледаат вести, филмови и серии на интернет. Услугата, којашто ќе чини 35 долари месечно, засега ќе биде достапна само во САД, и е наменета „за оние кои сакаат да гледаат што и да посакаат, кога и како ќе посакаат и без обврзување”, изјави главниот извршен директор на компанијата, Сузан Војчицки на пресконференција во Лос Анџелес.

Корисниците на своите таблети и телефони ќе можат да ги гледаат најбараните американски телевизиски канали Еј-Би-Си, Си-Би-Ес, Фокс, Ен-Би-Си, спортски и други програми.

Би можело да ве интересира

Почина поранешната шефица на YouTube

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Корисниците на Јутјуб го одобруваат отстранувањето на бројот „недопаѓања“

Ана Ололовска

Јутјуб нуди поширока употреба на „слика во слика“

Ана Ололовска

Јутјуб се урна на светско ниво двапати во еден ден

Ана Ололовска