Јупитер и Сатурн во местоположба што не е видена од Средниот век

Од:

Кога Сонцето ќе зајде на 21 декември, на зимскиот најкраток ден, луѓето на небото ќе имаат можност да ги видат Јупитер и Сатурн најблиску еден до друг.

Претходно ваква заемна положба имало пред речиси 800 години, на 4 март 1226, според астрономот Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс.

Приближувањето на двете планети трае од летото. Кога ќе го достигне својот зенит, меѓу 16 декември и Божиќ според Грегоријанскиот календар, растојанието меѓу нив ќе биде една петтина од ширината на полна Месечина на небото.

– Тие вечерта на 21 декември, ќе изгледаат како една двојна планета, одделени една од друга само една петтина од дијаметарот на полната месечина, рече професорот Хартиган.

Наредната слична астрономска појава ќе се случи 2080 година, па во 2400 година, објаснува научникот.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ