Јапонската компанија за детски играчки Такара Томи го претстави својот робот-чистач „AutoMee S“, што лесно може да прерасне во задолжителен додаток за сите корисници на смартфони и таблет уреди.
Уредите со екран осетлив на допир веќе неколку години се наше секојдневие, а проблемот со валканите отпечатоци на екранот по употребата останува без разлика колку го чистите својот смартфон или таблет.
„AutoMee S“ е 2,75 инчен чистач на екрани, што лесно го решава проблемот со нечистотијата движејќи се нежно по екранот, објави „mashable.com“.
Уредот со големина на човечка дланка може да се користи како на таблет уреди, така и за смартфони. „AutoMee S“ користи специјална хартија за чистење, а се работи на стандардни АА батерии. Роботот-чистач е доволно паметен автоматски да сврти кога ќе дојде до работ на уредот.
„AutoMee S“ се очекува на пазарот во Јапонија идниот месец, по цена од околу 16 американски долари.