Јапонската уметница Монами Охно картонот го претвора во вистиснки ремек-дела. Охно е многу креативна и од картон прави разни фигурички, од Супер Марио, па до ликовите од Војната на ѕвездите.
Тоа што посебно импресионира се многубројните детали кои ги содржат нејзините дела.
Таа дури може да направи и печат од картон.
Монами има 25 години, а студирала на Универзитетот за уметност во Осака. Фигуричките од картон ги прави уште од 2011 година.