Јапонци направија 1.575 снешковци за нов рекорд на Гинис

Од:

Жители на малиот јапонски град Илијама го искористија снегот што обилно паѓаше во регионот овие денови, за да постават нов рекорд во број на напревни снешковци.

Повеќе од 600 учесници успеале за еден час да направат 1.585 снежни човечиња, од кои секој морал да биде висок најмалку 90 сантиметри.

– Се подготвуваме за ова уште од минатата година, рече еден од официјалните лица на градот, каде во последните 24 часа паднаа 23 сантиметри снег.

На веселата улична манифестација се придружиле голем број локални жители од сите возрасти, кои успеаја да го соборат рекордот што во 2011 година го поставија жителите на едно американско градче, кога направија 1.279 снешковци.

– Тоа е многу тешко, затоа што снегот се распаѓа, но имав голема желба, изјави осумгодишниот Ичик Огучи, додавајќи дека е многу горд што го поставија новиот рекорд.

Според прописите на Гинисовата книга на рекорди, секој снешко освен назначената висина, мора да има и очи, уста, нос и раце. Шалот и лонецот наместо капа, не се споменуваат во прописите.

Снегот деновове го покри поголемиот дел на северна Јапонија. Само на едно место на островот Хокаидо во еден ден наврнаа 180 сантиметри снег.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски